Единствен во Србија: Лепа брена потроши 150.000 евра за нов автомобил

За Лепа Брена нема криза! Пејачката купи автомобил вреден дури 150.000 евра за нејзиниот помлад син Виктор Живојиновиќ! Балканската sвезда го почести со најновиот модел BMW M5 F90 без да жали за ниту едно евро.

Наследникот на династијата Живојиновиќ на тој начин стана првиот сопственик на овој скапоцен автомобил во соседна Србија.

- Автомобилот што Брена го купи за нејзиниот син е произведен во 2020 година и ги има само стотина во целиот свет. Еден беше увезен во нашата земја – за Виктор. Кога го доби автомобилот полуде од среќа - вели извор за Информер близок до семејството Живојиновиќ.

Тој додава дека Виктор веднаш сакал да го обележи својот автомобил, па на автомобилот ставил персонализирани регистарски таблички.

- Плати 87.532 динари (околу 44.000 денари) за да ги напишат неговите иницијали на табличките, плус мораше да плати за редовна регистрација, што чини околу 270.000динари (135.000 денари). Штом го регистрираше автомобилот, веднаш го извози. Воодушевен е од автомобилот! Тој би возел цело време, сподели изворот.

Бидејќи БМВ-то на Живојиновиќ има дури 600 коњски сили, мама Брена го предупредила својот син да внимава додека вози.

- Тој автомобил е вистински ѕвер! Неговата максимална брзина е 250 километри на час, но исто така може да се зголеми на 305. Според официјалните податоци, тој модел може да достигне 100 километри на час, за три или четири секунди, а само треба да забрза од нула до 200 километри на час за единаесет секунди. Бидејќи Виктор е сè уште дете, кое има само 21 година, Брена мораше да има сериозен разговор со него пред да му ги даде клучевите. Таа го предупреди дека мора да ги следи прописите и да вози внимателно вози, вели изворот.


Фото: Инстаграм/lepabrena

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Во седмата деценија од животот: Лепа Брена изгледа совршено во костим за капење