Една година како еден век, а тој век минута: Синот на Зоран Џорлев му честита роденден на прерано починатиот татко со емотивни фотографии

фото:instagram

Една година без Зоран Џорлев.

Споделувајќи низа фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, Наско Џорлев, синот на човекот со исклучително чувство за музика со која на сите ни ја милуваше душата, се потсетува на миговите со татко му за неговиот роденден.

Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар, почина на 54 годишна возраст, пред една година, на први јануари, девет дена пред неговиот роденден кога требаше да наполни 55 години.

„Една година како еден век, а тој век минута. Те сакам, ми фалиш“ - напиша Наско на годишнината од смртта на татко му и сподели низа фотографии.

 

Вчера, 10-ти јануари, Џорлев требаше да го прослави 55-от роденден, но прерано го напушти овој свет, а неговиот син му го честиташе роденденот со неколку фотографии.