Едни на зимување, други на летување: Кои македонски ѕвезди избраа одмор на минусни температури, а кои на пеколно жешко Сонце?
Периодот после најубавите новогодишни и божиќни празници за многумина е резервиран за зимски одмор
Имено уште од мали зимскиот распуст нѐ асоцира на снежни лудории, санкање и скијање на планина...
Така и дел од познатите македонски јавни личности решија ладните јануарски денови да ги поминат на чист воздух во познати скијачки центри.
Меѓу нив беа:
Водителката Лила Филиповска во Копаоник.
Пејачката Викторија Лоба со сопругот Ѓорѓи во Копаоник.
Водителот Ненад Ѓорѓиевски со семејството во Банко.
Модната дизајнерка Маја Кикириткова со семејството во Златибор.
Музичарот Бока Конга на Италијанските Алпи.
Сепак дел од македонските ѕвезди преферираат зимски одмор со летни температури. Имено ваквите избраа егзотични дестинации и уживаат во сончевите зраци, како и во преубавите плажи.
Инфлуенсерката Љупка Митрова во Занзибар.
Пејачката Сузана Гавазова со семејството во Тајланд.
Актерот Жарко Димовски со семејството во Тенерифе.
Моделот Евгенија Колев семејно во Дубаи.
*Р.Ж.М.