Едноставна, а толку сензуална: Моника Белучи го сруши интернетот со последната фотосесија
Ретко која јавна личност има култен статус од моментот кога ќе се појави на сцената. А Моника Белучи уште од првиот момент важи за икона на убавината, а тоа само го потврдува повторно и повторно.
Моника Белучи на 59 години ги руши сите граници и поставува високи стандарди.
А нејзините последни фотографии предизвикаа општа врева. Имено, убавата актерка позираше за кинеското издание на магазинот „Esquire“, а фановите се воодушевени.
Моника носи едноставна бела кошула со пруги на која се гледа нејзината долна облека. Секоја фотографија е уметничка, едноставна и толку сензуална.
На втората фотографија нејзините нозе се во преден план и малку потсетува на сцена од нејзиниот култен филм „Малена“.
Актерката е насмеана, самоуверена и зрачи со нежност.
Впечатлива е и нејзината фризура, а се работи за малку подолг боб, кој одлично ѝ прилега на Моника.
„Совршена“, „Ангел од небото“, „Неверојатна си“, се само дел од коментарите упатени до Моника.
Извор: zena.blic.rs