Елката блесна и во домот на Александар Белов, ќеркичката на пејачот наскоро полни годинка (ФОТО)

Новогодишните празници ни тропаат на врата, а познатите како и сите оние кои уживаат во декорирањето на домовите, веќе ја чувствуваат магијата .

Преку фотографии гледаме кој како го украсил домот и новогодишната елка, а последен во низата на Инстаграм, фотка објави познатиот пејач Александар Белов.

Белов ја фотографирал ќеркичката која во рака држи лампион и му се радува, а во позадина ја гледаме огромната елка.

Поп пејачот Александар и неговата сопруга Јелена станаа родители на малата Мина на почетокот на 2022 па сега за прв пат заедно ќе ја прослават Новата 2023.




Белов често знае да сподели фотографии од малата Мина, а тоа го прави речиси секој месец на датумот на кој е родена неговата прва среќа.







ФОТО: Инстаграм

Поврзани вести:

Станав татко среде настап, гостите ми ја скинаа кошулата, се славеше со огномет: Пејачот Александар Белов и неговата сопруга Јелена добија ќерка

Го добив најубавиот животен подарок! Александар Белов прослави роденден со новородената ќерка