Еротски приказни: ДЕВОЈКА ЗА ДРУЖЕЊЕ

Добивај вести на Viber

  Љубовта помеѓу двајца е искрена до одредена мера. Кога ќе се замешаат други личности, таа се гуши, затајува и запира како на угорница, како стар мотор од автомобил. Со Алек убаво почна да ни се развива врската, почнавме многу заљубено, но потоа сѐ се измеша – не знам дали мајка му или тој е повиновен.

  За разлика од него, јас имав поинакво воспитување. Моите родители нѐ воспитуваа со брат ми сами да се снаоѓаме и да одлучуваме. Секако, беа присутни и знаеја за сѐ што ни се случуваше, меѓутоа бевме независни во своите одлуки.

  Немајќи излез од ситуацијата, отидов да студирам в странство со цел да се разделиме со Алек. Немав доволно средства за студирање, а бев премногу горда да барам од него да ми помогне финансиски.

  Живеев со една девојка, по име Изабела, соба до соба и се здруживме со неа случајно. Всушност, една ноќ ја бараше еден човек и јас ѝ помогнав да се скрие кај мене, а него го излажав дека веќе не живее тука. Ми беше бескрајно благодарна и таа почна да доаѓа кај мене и јас почнав да одам кај неа и таа низ разговор ми се довери дека освен што студирала, била девојка за дружење на богати клиенти.

  Изабела ми кажа: „Инес, ако не работам, немам средства за студирање, а не сакам никој да ме финансира. Мојот дечко ми се понуди, но го одбив бидејќи има проблеми со мајка му, едноставно, таа не ме прифаќа мене за нејзина снаа“.

  Изабела низ разговор ми раскажа што ѝ се случувало во нејзината врска и јас, исто така, ѝ се доверив за мојата врска и констатиравме двете дека имаме слични врски. Таа беше прилично интересна девојка, со ведар дух, меѓутоа си имаше насобрано гнев, бес и револт и кога ја гледав, како да се гледав себеси.

  Со текот на времето ме воведе и мене во професијата. Еднаш, не можеше да оди на состанок и ме испрати мене. Мене ми беше интересно и прифатив, најпрво од љубопитност за да го запознаам и тој свет. Ми се укажа шанса да учествувам во тој непознат за мене свет и морав да видам како изгледа. Така и јас станав девојка за дружење.

  Човекот беше бизнисмен околу триесет и пет години, пристоен и елоквентен. Очигледно, му се допаднав и цела ноќ очите не ги оддели од мене. Ми предложи потоа да отидеме во најблискиот бар за да се напиеме нешто. Зедовме црно вино да наздравивме за соработката и забележав дека ми е благонаклонет. Ми се насмевнуваше цело време и се впушти в разговор за некои соништа и некои фантазии од неговата интима.

  Ми се довери дека слабост му се убавоградените девојки како мене, со стил за облекување, интелигентни и кога доаѓале на состанок да биле точно на време. Тоа ми импонираше, па почнав да кокетирам околу него и да му глумам дека и тој ми се допадна многу. Се расположив и испив две чаши црно вино. Во барот беше полутемно. Тој почна да ме допира по телото а јас полупијана прифаќав сѐ. Дури се чувствував посакувано, сакав да му легнам на рамото, да се потпрам на неговите усни и да водам љубов со него.

  Дојде келнерот за да ни каже дека барот се затвора, а тој ме прегрна и го праша келнерот да провери дали има празен апартман за вечерва. Се врати келнерот да ни потврди дека има останато еден апартман и праша дали ќе го земеме или ќе им го отстапиме на други. Јас рипнав да потврдам, на што се насмеа и келнерот.

  Се качивме во апартманот. Уште вратата не ја затворивме, јас почнав да се извивам околу него. Тој веднаш ми ја соблече блузата и ми ги грицкаше градите. Со јазикот ми ја совлада устата и стигна до усните ресички и ме бакнуваше страсно, привлечно и дури и мирисот од устата му беше примамлив, како и мирисот од целото тело. Мирисаше неодоливо додека шармот му се протегаше низ целото тело.

  Јас му ја соблекував кошулата и сигнав до ременот. Кога го откопчав, излета неговиот набрекнат „орган“. Со јазикот поитав кон него и почнав да го цицам врвот на главата. Со јазикот му го истражував целиот „орган“ од долу до горе. Тој со раката отиде надолу и ми ги рашири нозете и почна да ме милува помеѓу нозете. Потоа, ми го стави набрекнатиот „орган“ длабоко во „внатрешноста“. Какво убаво чувство. Мислев дека сум во облаци. Летав некаде високо и имав прекрасни чувства.

  Кога се разбудив, утрото се видов гола со непознат човек и во непознат кревет. Главата ужасно ме болеше затоа што синоќа испив многу вино. Јас не можам ниту една голтка да пијам, а не пак толку многу. Сигурно од еуфоријата што ме зафати не знаев како да реагирам со оглед на тоа што првпат се најдов во ваква ситуација и претерав.

  Полежав уште некое време. За тоа време, тој се разбуди и ме бакна страсно. Мене ми беше незгодно и почнав да му се извинувам за целиот настан. Меѓутоа, тој само одмавна со главата и ми рече дека баш се усреќил и ме праша дали може и другпат да ме побара. „Сигурно е женет“, си помислив во себе штом е толку зафатен, но не прашав бидејќи не беше тоа моја работа. Кога си одеше, ми остави  голем бакшиш.

  Се вратив задоволна од парите што ги заработив. Изабела ме чекаше и ме праша како си поминав затоа што ноќта не се вратив дома. Таа ми рече дека ако во иднина задоцнувам да ѝ се јавувам бидејќи се вознемирила, а не сакала дами  ѕвони и да паничи. Ѝ кажав дека ситуацијата се измени, но за другпат ќе и се јавувам за да си знае дека ќе се задржам.

  За парите ми рече на Алек да му кажам дека одвреме-навреме работам како бебиситерка и на различни места ме повикуваат да чувам деца. Ваквата приказна успешно му ја пласирала на своето момче и тој не се посомневал во неа. Ако некој сака да му успее планот целосно, тој треба да е убаво осмислен.


СОСЕТКИ

Еротски приказни: АЛЕК И ЈАС

Еротски приказни: ПОБЕДА НА ЉУБОВТА

Еротски приказни: МИРОТ Е СВЕТА РАБОТА

Еротски приказни: ПРЕСТОЈ В БАЊА

Еротски приказни: НА БАЊА В ПЛАНИНА

Еротски приказни: ПРЕКРАСНО ПАТУВАЊЕ