Еве како да донирате директно на семејствата чии деца се повредени и се лекуваат во странство

Секој кој сака да донира и помогне директно на семејствата на настраданите од ужасната трагедија, на финансиски начин тоа може да го направи директно преку веб страната www.supportkocani.com.
„Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски“
Во овој момент најмногу сме им потребни на семејствата кои се директно погодени од оваа немилосрдна состојба и на оние чии деца се сместени на лекување во странство.
Заедно можеме многу, сме покажале многупати, па да го направиме тоа и овој пат.
На веб страната www.supportkocani.com. создадена со цел да нема злоупотреби се наоѓаат податоците за донации кои одат директно на родителите на повредените деца од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои во моментов се на лекување.
Ова е само привремена страница.