ФАКТ Е ДЕКА МАТНИ ЛИКОВИ КАКО ПАЛЕВСКИ И СЕ ПОТРЕБНИ ОЧИГЛЕДНО НА СЕКОЈА ВЛАСТ: Адвокатот Јанаки, објаснува и како ќе оди постапката

Добивај вести на Viber

Адвокатот Јанаки Митровски во тв гостување на тв 24, рече дека во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ќе се бараат материјални докази за се, за да се поткрепат изјавите, инаку нема да може да се темели целата рабпта само врз основа на нивните искази поради сомнеж во нивната кредибилност. 

„Инаку се чувствувам должен да кажам дека сето ова е последица на една долгогодишна неказнивост на еден матен лик како Палевски којшто со години блуе и сее омраза. Етничката заедница на која припаѓам била десетици пати таргет на неговите ретардирани и шизофрени ставови. Тоа е проблемот, што не одговарал за тоа. Можеби до овие дела немало да дојде, меѓутоа факт е дека матни ликови како Палевски се потребни очигледно на секоја власт. Истиот за серија кривични дела беше гонет а никогаш нема стапнато во затвор“ вели Митровски. 

Подетално на Фактор тука.