(ФОТО) 37 години подоцна на ист ден: Меган и Хари го направија токму она што го направи и принцезата Дајана

Добивај вести на Viber

Сепак, денот на објавувањето на бременоста на Меган Маркл не е случаен, туку вистинска почит кон споменот на принцезата Дајана! 

По повеќемесечни шпекулации, Хари и Меган објавија дека ќе станат родители по втор пат. Тие го избраа Денот на вљубените за да ја објават среќната вест, што само по себе е многу слатка одлука, но има еден факт што го прави денот уште попосебен.

На истиот ден пред 37 години, самата принцеза Дајана објави дека е бремена со своето второ дете - принцот Хари!

Деновите се со разлика од точно 37 години, но повеќе од јасно е дека Меган и Хари не го избрале овој датум случајно.

Војводите од Сасекс ја објавија прекрасната вест со прекрасна фотрографија во која и двајцата се насмевнати, а Меган го милува нејзиниот труднички стомак.

Пред 37 години, Палатата објави дека принцезата Дајана и принцот Чарлс го очекуваат своето второ дете: „Принцот Чарлс и принцезата Дајана се многу задоволни со оваа вест, како и кралицата Елизабета, принцот Филип и сите членови на нивното семејство“ пишуваше во изјавата пред 37 години.


Меган и Хари веќе имаат еден син Арчи, кој годинава ќе наполни 2 години. Сепак, пред среќната вест за претстојниот брат или сестра на Арчи, Меган откри дека имала спонтан абортус во јули 2020 година.

Пред повеќе од една година, Хари и Меган се откажаа од своите кралски привилегии и должности и решија да живеат во САД со нивниот син. Тие во моментов живеат во Калифорнија и водат многу помирен живот, далеку од јавноста.


Фото: Инстаграм/Profimedia