(ФОТО) Меган Маркл е повторно бремена: Таа и принцот Хари го очекуваат своето второ дете

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Profimedia


На Денот на вљубените, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека го очекуваат своето второ бебе.

"Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете", сподели парот во изјавата во неделата, на 14 февруари.

Други детали за бебето на Меган и Хари, до овој момент не се познати.


Веста доаѓа само неколку месеци откако Меган откри дека претрпе спонтан абортус во јули минатата година.

Во последниве недели, 39-годишната sвезда веста за својата бременост ја држеше во тајност, поради пандемијата на коронавирус.

Таа, Хари и нивниот 21-месечен син беа социјално дистанцирани во нивната резиденција во Санта Барбара, Калифорнија, каде што повремено учествуваа во виртуелни настапи.

Уште во јули 2019 година, Хари всушност навести дека тој и Меган сакаат да имаат уште едно бебе. Во интервју за д-р Џејн Гудал за британски Вог, Хари и светски познатиот приматолог зборуваа за сè, од климатски промени до зачувување на планетата, до деца.

На прашањето колку деца сака да има принцот, тој одговри: "Две, максимум!“

Меган и Хари не се единствените кралски кралства што го проширија своето семејство. Братучетката на Хари, принцезата Евгенија на 9 февруари го роди своето прво дете, машко бебе.


Фото: Инстаграм