(ФОТО) 900 долари од вечер: Карлеуша и ќерките на луксузен одмор во Турција
Душко во Кина, а Карлеуша и нејзините ќерки отидоа на море во Турција!
Пејачката Јелена Карлеуша ги спакувa куферите и замина на одмор во Турција со ќерките Атина и Ника. Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не може да биде со нив затоа што се врати во Кина, каде во моментов се подготвува за фудбалската сезона.
Штом поп дивата слета во едно од најлуксузните летни одморалишта, таа се пофали на Инстаграм, а домаќините ги дочекаа со отворени раце и ги изненадија трите дами со букети цвеќиња.
Имено, како што напоменува Star magazin, пејачката престојува во еден од најлуксузните хотели, во кој што престојуваше и минатото лето, станува збор за луксузниот хотел Регнум, каде што една вечер чини 900 долари (близу 40.000 денари)!
Пејачката со месеци е на специјална диета со помош на која успеа да изгуби над 10 килограми и да ја врати линијата што ја имаше пред да стане мајка - пишува Grand.online.
Јелена и нејзините ќерки уживаат во сонцето и морето, како и во сите адреналински спортови што ги обожаваат тие.
Пред да ја погледнете галеријата може да ве интересира:
-Карлеуша ја покажа својата вила од 2,5 милиони евра: Каков луксуз
-По стапките на мама: Ќерките на Јелена Карлеуша модни икони од мали нозе
-Карлеуша објави фотографија со нејзиниот татко: Еве на кого личи
Еве некои од фотографиите кои ги сподели Карлеуша на Инстаграм: