(ФОТО) АНИЦА ДОБРА ЈА ПОГОДИЈА СО ШИШЕ ОД ПИВО: Непријатен настап на актерката
Познатата српска актерка Аница Добра доживеа непријатно искуство додека настапуваше на „Бедем фест“ во градот Никшиќ во Црна Гора.
Во моментот кога излегла на сцената, еден маж од публиката ја погодил со шише полно со пиво. По скандалот, Добра продолжила со настапот, објави белградски „Блиц“.
„ Ова ми е прво музичко гостување, и водено мој проштален концерт. Навистина мислам дека ова не ми припаѓа, а многу сум среќна што сум овде“, изјави актерката.
По лошото искуство, таа замина на море, во Котор, за да се одмори од лошата случка.
Аница Добра е една од најголемте филмски ѕвезди во поранешна Југославија, најпозната по филмовите „Црни бомбардер“ и „Како је пропао рокенрол“. По распадот на Југославија, таа градеше интернационална кариера во Германија, каде што живеела како дете, и во САД.
Фото: Борис Шекуларац, МНЕ Магазин