(ФОТО) Боки 13 снимен во Шутка

Бојан Јовановски е фотографиран во дворот на затворот „Шутка“ каде е притворен поради случајот „Рекет“. На фотографијата која ја пренесе Skopje1.mk се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а нема информации кој ја направил снимката која е објавена на социјалните мрежи. 

Случајот „Рекет“ и денес е топ-тема во медиумите откако италијански новинар почна да објавува аудио и видео снимки од наводниот криминал на Боки 13 и Зоки Кичеец.