(ФОТО) Ботокс или добра шминка? Кејт Мидлтон повторно во фокусот

Добивај вести на Viber

Веќе подолго време се шпекулира дека Кејт Мидлтон (37) користи ботокс, а британскиот пластичен хирург Mounir Sornji со само една објава направи вистинска драма на „Твитер“ споделувајќи фотографија од војвотката од Кембриџ, пред и по потенцијалните зафати.

- Нашата Кејт сака „бејби ботокс“. На фотографијата „пред“ изгледа уморно и на лицето ѝ се гледаат брчките. На фотографијата „по“ лицето ѝ блеска. Загледајте ги ситните брчки на челото, но и на делот на челото помеѓу веѓите - напиша тој.

На оваа објава реагираше и портпаролот на кралското семејство кој категорично ги демантира овие тврдења, нагласувајќи дека Мидлтон не поддржува такви комерцијални активности.