Животна училница // Приказни
(ФОТО) Брендирана торта и необична фризура: Карлеуша наполни 41 година
- 18 Август, 2019
Јелена Карлеуша сношти со семејството и со пријателите го прослави 41. роденден во лусксузен ресторан во Белград.
За роденденската забава, таа облече бел асиметричен фустан, а косата ја исфарба во впечатлива, сина боја. Српски „Телеграф“ пишува дека иако оваа е нејзиниот прв роденден без мајката Дивна која почина во март годинава, пејачката била многу расположена и среќна. Ќерките Ника и Атина, сопругот Душко, таткото, браќата, и пријателите правеле сѐ за да ѝ го направат поубав роденденот.
За Карлеуша, персоналот на ресторанот подготвил торта на пет ката, која целата била во знакот на брендот „Версаче“.
Фото: Телеграф.рс, Инстаграм