(ФОТО) Дани непрепознатлива- се офарба во розово

Сосема непрепознатлива е Дани Димитровска во новиот спот кој деновиве го снима во Битола. За потребите на спотот, рок-пејачката ја смени бојата на коса, се исфарба во розово. 

За новиот изглед, таа доби комплименти од своите следбеници на Инстаграм. За снимањето на спотот, Дани избра оргинален мантил од „Фешн груп“. 

„ Снимавме видео за мојата нова омилена, сѐ уште необјавена песна. Колку што пече сонцево во овој trench coat, толку силно го чекам денот на објава. Песната ми е љубов од одамна. Време ѝ е.Наскоро. Многу наскоро“, најави Дани на својот Инстаграм профил.

За Женски магазин, таа изјави дека по пеколниве горештини ќе остане во Скопје, а на одмор ќе оди следниот месец.