(ФОТО) ДОДЕКА НУРКАВ СЕ ЧУВСТВУВАВ КАКО РИБА: Нова авантура на Лила

Добивај вести на Viber

Лила Стојановска за себе си вели дека е зависник од адреналин, а вчера своето авантуристичко искуство, таа го збогати со часови по нуркање. 

 Ова беше посебен „филинг“. Максимално ослободување на телото и духот

Лила, со инструкторите од нуркачкиот центар „Амфора“, и со нејзиниот пријател Сергеј Варошлија нуркаше во Охрид, кај Заливот на коските. „Ова е дефинитивно една од најдобрите авантури кои што сум ги имала“, напиша Лила на својот инстаграм профил.

„ Ова беше посебен „филинг“. Максимално ослободување на телото и духот. Кога имаш чувство дека просторот е само твој. Со параглајдингот се чувствував како птица, сега како риба, хахаха“, изјави Лила за „Женски магазин“.

И претходно, популарната водителка се забавувала на сличен начин. Освен параглајдингот, Лила ја возбудуваат картингот и трките. Во Охрид, таа ќе остане и вечерва, за да го проследи концертот на српската ѕвезда Марија Шерифовиќ, на стадионот „Билјанини извори“. (М.Џ.)