(ФОТО) Долгата и тешка битка е готова: Харизматичната актерка е повторно бремена
По долгата борба, харизматичната актерка Ен Хатавеј повторно е бремена!
Убавата вест ја објави на својот профил на Инстаграм, со фотографија на која позира за да се гледа трудничкото стомаче.
- Не е за филм. Шегата на страна, сите вие кои поминувате низ пеколот на неплодноста и зачнувањето, знајте дека не ми беше лесно да затруднам ни првиот, ни вториот пат- напиша актерката.
Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шуман се венчаа во 2012 година, а четири години подоцна актерката го роди синот Џонатан Роузбенкс. Таа тогаш призна дека родителството ѝ го сменило погледот на светот и на кариерата.
Интересна е и одлуката која Хатавеј ја донесе со раѓањето на првото дете- нема да пие алкохол додека нејзиниот син не наполни 18 години и додека живее во нивната куќа.