Животна училница // Приказни
(Фото) Едина Муса со момчето го прослави роденденот во ЗОО-Скопје
- 08 Август, 2018
Во кампањата „За здрави и среќни животни", со кои се едуцираат посетителите за здравата за здравата исхрана која ја конзумираат животните, се приклучија многу познати ѕвезди, од кои дел ги донесоа и своите деца.
Вчера, познатата кошаркарка и шампион на Македонија во фитнес Едина Муса, токму на својот роденден се најде во улога на Зоо неговател во Зоолошката градина во Скопје.
Taa заедно со своето момче Серџо Спасов се приклучи во кампањата за заштита на животните и им порача на посетителите да не ги хранат животните со нездрава храна која штетно влијае врз нивното здравје.
Инаку нејзиното момче и приреди изненадување по повод нејзиниот роденден.