(ФОТО) Елена Велевска и ќерката ги обожаваат жирафите во ЗОО-Скопје

Добивај вести на Viber

Стоп за смоките, пуканките и чипсовите!
Стоп за отпадоци и вознемирување на животните!

Зоолошката градина во Скопје оваа недела ја одржува кампањата „За здрави и среќни животни“. Прва која играше со животните беше Хана, ќерката на пејачката Тамара.

Потоа се придружија и Панчо од ДНК и водителката Миа Костова и ја подржаа кампањата за заштита на животните, заедно со своите синови. Исто така и Кристина Арнаудова Петровски беше таму со своите синови Максим и Матео

Денеска и пејачката Елена Велевска се приклучи во кампањата „За здрави и среќни животни". Во улога на ЗОО неговател и Елена ги опомена несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна во живеалиштата, но и да го соберат отпадот зад себе, а нејзината ќерка играше со жирафите.

ФОТО: Фејсбук фан-страница на ЗОО-Скопје