По одморот во Чикаго, Елена Ристеска ужива во Мајами, каде што е втор пат во последниве неколку недели. Овој пат, поп-ѕвездата во Америка е и на работа и на одмор.
Елена на својот Инстаграм профил објави сексапилни фотографии, облечена во креација на дизајнерката Мила Кадриу во која изгледа одлично. Елена избра шарен, летен фустан со гол грб на кој доминира длабокиот шлиц. Фустанот, таа го искомбинира со дискретен накит и со модерни сандали.
Под фотографиите, Елена најави дека во Мајами снима ново видео. Таа во моментов е актуелна со новиот спот и песна на српски јазик „Снаге за крај“. Автор а новиот хит е црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.