(ФОТО) Големата љубов на Благица Павловска
Не може да го замисли денот без нив. Цел живот ги чува и максимално им помага. Благица Павловска е една од ретките на македонската естрада која редовно се грижи за бездомните животни, а која многу ретко со тоа се фали во јавноста.
- Откако мојата Викротија беше отруена, се зареков дека со цело срце ќе помагам, се разбира колку можам, во грижата за бездомните животни - изјави пејачката во една прилика.
Павловска моментално се грижи за три кучиња. Особено интересни се нивните имиња - Трајче, Џесика и Линда.
- Тие се моите срцки. Ги најдов на улица
напуштени и си ги земав. Ги вдомив и
сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат
да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени
срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам - раскажа таа за порталот „7Дена“.