(ФОТО) Ирена Спировска: Најубавата планинарка и ТВ водителка изгледа совршено на 44 години
Таа е препознатливо лице од тв екраните, која зад себе има успешна 25 годишна кариера.
Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена. Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.
Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење. Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина. Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.
Можеби кај нас години наназад се критикуваат изгледите на препознатливите ТВ лица, но Спировска секогаш останува достојна на едноставните кроеви, лежерниот изглед. На свечености знае да изненади со долги фустани, а приватно секогаш предност дава на спортскиот стил.
Тоа што сепак посебно мора да се истакне е нејзината појава. Таа е дефинитивно пример за жена која на 44 години изгледа прекрасно како однадвор, така и одвнатре. Со убав збор и широка насмевка не остава никого рамнодушен, а заштитен знак и е витканата коса, чија должина и изглед се непроменити години наназад.
Од свечени тоалети, до фустани и здолништа до коленици и кратки панталони, најубавата планинарка во Македонија изгледа совршено во секоја прилика.