(ФОТО) Ја испеа „Дечко ајде олади“ па се повлече: Како денес изгледа Лидија Асановиќ

Добивај вести на Viber

Лидија Асановиќ беше голема ѕвезда во поранешна Југославија, но судбината ѝ одреди нешто сесома поинакво. 

„Последња игра лептира“' беше многу популарна група во осумдесетите години, најмногу поради хитот „Дечко, ајде олади“. Го испеа шармантната Лидија Асасновиќ од Загреб, која денес има 52 години. 

Лидија со групата „Последња игра лептира“ во осумдесетите 

Денес има 52 години и живее во Германија 

Во групата, Лидија оваа песна ја испеа со покојниот Ненад Радуловиќ, познат по прекарот Неша Лептир. Подоцна ѝ се придужи на познатата група „Србрна крила“. Лидија во групата дојде на местото на Владо Калембер, кој тогаш започна соло кариера. 

Истата година кога стана нивна пејачка во 1988 година настапи на „Евровизија“ во Даблин, Ирска. Како претставници на Југославија, ја изведоа песната „Мангуп“ и го освоија шестото место. Песната стана голем хит. 

Кога ја напушти оваа група, на нејзино место дојде Влатка Покос. 

Лидија веќе 27 години живее во Минхен, Германија, каде што се омажи и сега се презива Руш. Лидија денес може да се види само на социјалните мрежи затоа што сосема се повлече од јавноста. Пред три години се појави вест дека пејачката загинала во сообраќајка во Германија. Нејзината сестра Виолета ги демантираше овие гласини.