(ФОТО) Јелена Карлеуша иста како својата баба: Неверојатна сличност

Фолк дивата и позната Балканска ѕвезда Јелена Карлеуша секој ден е во таблоидите.

Таа секојдневно е на мета од медиумите, најчесто за нејзините несекојдневни, откачени, авангардни или сексипилни изданија. И тоа е така, таа тоа го може и ѝ стои што и да облече.

Но, денес имавме можност да видиме како изгледала бабата на Карлеуша. На Инстаграм се појави фотографија на која има фотки од неа, мајка ѝ Дивна која почина минатата година и баба ѝ Даринка.

Сличноста помеѓу нив е очигледна, сепак како што вели народната поговорка: „Крвта вода не бидува“.

Јелена личи повеќе на мајка ѝ, но насмевката ја украла од баба ѝ Даринка.



Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Цеца и Карлеуша се тотално различни, но сепак имаат нешто заедничко: Моден додаток од 2.300 евра

КУПУВААТ ЛАЈКОВИ И ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ: Карлеуша распали- фотографираат туѓи куќи и брзи автомобили, а не заработуваат ништо!