(ФОТО) Какво тело на 68 години: Неда Украден одмара во Црна Гора

Добивај вести на Viber

Балканската фолк-ѕвезда Неда Украден наредниот месец ќе наполни 69 години, а на нејзината фигура можат да ѝ позавидат и некои далеку помлади колешки. Пејачката моментално одмара на црногорското приморје, а неколку фотографии од летувањето сподели и на социјалните мрежи.

Украден во една прилика ја откри тајната на добриот изглед.

- Не одам во теретани ниту на аеробик. Секое утро, си правам по 50 стомачни вежби по дома, и тоа ми е ритуал со години. Немам многу трпение за одење во салони за убавина ниту за вежбање во група - раскажа пејачката.