(ФОТО) Лекција за сите: Едната е ќерка на свештеник, другата на оџа

Фотографијата која предизвика лавина позитивни коментари, и по која сите се согласија дека „светот би бил подобро место за живеење, кога би се огледале на децата“.

Колку пати и да сте слушнале дека детските срца се најчисти и најискрени и не знаат за омраза, поделби и разлики... оваа фотографија само ќе ги потврди овие зборови.

Станува збор за фотка од Прједор, каде две девојчиња одат на училиште со ранчиња на грбот. Иако на прв поглед изгледа дека овде нема ништо необично, многумина ги воодушеви фактот чии ќерки се овие девојчиња.

- Едната е ќерка на православен свештеник, а другата на оџа. Секој ден во дванаесет и петнаесет се наоѓаат на договореното место за да одат заедно на училиште. Детскиот свет не пати- стои во описот на фотографијата.