(ФОТО) Мал дел од едно време минато: Музичките спомени на Џорлев

Добивај вести на Viber

Со триесетина фотографии кои истовремено ќе ве насмеат и расплачат, маестро Зоран Џорлев се присети на едни убави времиња за македонската музика. „Мал дел од едно време минато.. Време од кое имаше што поучно да научиме.. Време кога имаше почит кон постарите колеги.. Време во кое се твореше.. Време во кое се почитуваше сработеното.. Едноставно убаво време!“, напиша докажаниот автор и музичар. Многу од пријателите и соработниците на кои се присети Џорлев не се повеќе меѓу нас, но нивните дела нема никогаш да се заборават. 

Една од многуте дружби со Гоце Николовски, Виолета Томовска и со Проф. д-р Илчо Јованов

Соработуваше и со Тоше Проески

Со легендарниот српски актер Љубиша Самарџиќ

После успешен концерт со Кемал Монтено

Со маестро Благоја Дескоски

Од времето на „Супер Бинго“ со Игор Џамбазов

Зоки со кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска