(ФОТО) Милена Антовска ужива во мајчинството: Селфи со Лана Марија

Добивај вести на Viber

Милена Антовска Станковска, водителката која со години е заштитно лице на „Канал 5“ скоро една година ужива во новата животна улога. Нејзината ќерка Лана Марија на крајот од месецов ќе наполни една година, а Антовска со сопругот Гордан веќе кројат планови како ќе го прослават првиот роденден на нивното дете.

- За името Лана се одлучивме кога го дознавме полот. Марија го додадовме бидејќи се роди на еден од најубавите празници Голема Богородица и самиот празник си го донесе нејзиното второ име - откри популарната водителка во интервју за „Женски Магазин“.