(ФОТО) МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ Е НАВИСТИНА Е БОГАТ: Четирите женски на Тевдовски

Добивај вести на Viber

Со сопругата Анита отсекогаш сакале три деца. Министерот за финансии Драган Тевдовски е татко на три прекрасни ќерки, Каја (6), Ема (3) и Сара (1). И покрај секојдневните обврски и набиената агенда, за нив секогаш има време. Тој ги носи во школо и градинка, а кога ќе се врати од работа, целото време го посветува на семејството.

- Секој работен ден ми почнува убаво, со разговорите што ги правиме со Каја и Ема, на патот од дома до училиштето и градинката. А, кога ќе се вратам од работа дома, колку и да сум истрошен, тие веднаш наоѓаат начин да ме насмеат и да ми ја вратат енергијата. Среќен сум кога со ќерките и со Анита, мојата сопруга, ќе излеземе на прошетка, во парк или на Водно - ни изјави Тевдовски во интервјуто за „Женски Магазин“ пред два месеци.