(ФОТО) Многумина мислат дека се женски: Синовите на Меган Фокс
Познатата манекенка Меган Фокс на својот профил на Инстаграм објави фотографии од семејното патување во Дизниленд.
Имено згодната бринета, својата интима ја чува далеку од очите на јавноста. Таа е девет години во среќен брак со актерот Брајан Остин Грин со кој има три сина: седумгодишниот Ноа, петгодишниот Боди и тригодишниот Џурни.
Под фотографиите од семејното дружење Меган Фокс се пошеува и напиша: „Халовин во Дизниленд секогаш е најзабавен, но може ли да добијам ЕДНА семејна фотографија на која сите гледаат во камерата и имаат полунормално лице?“
Инаку момчињата навистина наликуваат на својата мајка, која важи за една од најубавите жени во светот.
Дали поради нивната убавина или нивните долги коси, многу од фановите на Меган коментираат дека „Ќерките ѝ се прекрасни.“, мислејќи на синчињата. А таа често знае да ги облече во женска облека.