(ФОТО) Моќ, мистериозност или страв: Што порача Катица Јанева со денешниот изглед

Специјалната обвинителка Катица Јанева предмалку одржа пресконференција по повод скандалот со рекетирањето на бизнисмен. Таа е во фокусот на медиумите и со нејзиниот животен стил, откако повеќе портали објавија дека направила операција за слабеење со вградување прстен за подврзување на желудникот.

Јанева на конференцијата се појави во црн миди фустан, кој го искомбинира со црнобело сако со флорален дезен.

Во изгледот на Јанева доминираше црната боја, за која е познато дека често знае да направи да изгледате послабо. Но кое е всушност значењето на оваа боја според верувањата?

Црната боја се поврзува со моќ и елеганција и се смета за формална боја.

Кај нас се препознава како симбол на тагата односно боја на смртта, злото и мистеријата. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација.