(ФОТО) Му велеше дека ќе биде во ред, додека повраќаше, му го чистеше лицето и миеше рацете...

Бекет Бурџ на само 4 години, во 2018-та година дозна дека боледува од акутна лимфобласитчна леукемија, а неговата сестра Обри мораше да се откаже од занимавање со спорт, за да се грижи за своето братче.

Нивната мајка Кејтлин го фотографира моментот кој покажува како всушност изгледа грижата на постарата сестра, а фотографијата го обиколи светот.

Одри, која е постара само 14 месеци, го теши својот брат, додека тој стои над веце-школката и повраќа од хемотерапијата, а мајката со оваа фотографија сака да покаже како всушност тоа влијае врз целото семејство.

Фотографијата има над 5000 коментари и над 35.000 споделувања.

- Кога ќе ги видам заедно, во исто време сум и среќна и тажна. Имаат прекрасен однос. Се зближија, а таа секогаш се грижи за својот помал брат. Таа сака гимнастика, но со оглед на тоа дека тоа стана прескапо, мораше да престане да тренира. Би требало да ужива во гимнастиката, да трча по соседството со другите деца, да игра и да плива во базен, но таа се грижи за својот брат- раскажува гордата мајка.

Одри не разбираше како нејзиниот брат се смени толку. Не разбираше што точно се случи, но знаеше дека нешто не е во ред.

- Ѝ објаснивме дека брат ѝ е многу болен и тоа не може да се спречи, и дека никој не е крив за неговата состојба. Бевме многу отворени кон неа, а и Бекет знае за што станува збор. Штом дозна, веднаш одлучи да направи се што може за него. Му велеше дека се ќе биде во ред, додека повраќаше, му го чистеше лицето и миеше рацете. Го носеше до дневната соба и го ставаше на тросед- додава Кејтлин.

Од својата дијагноза до денес, Бекет има неверојатна енергија и сила, но мора да прима терапија уште две години.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.