(ФОТО) Неверојатна трансформација: Земала нелeгални инекции и претерала со сончање за да стане црна
Студентката која е зависна од сончање ја обвинуваат дека сака да стане црна, но таа на тоа воопшто не обрнува внимание. Дури се случува да ја третираат како личност од друга раса.
Хана Титенсор (22) од Ирска, си ветила дека ќе има темна и сјајна кожа, па отишла до таму што си ставила нелегална инекција за потемнување на кожата. Таа е презадоволна со резултатите, но многумина негативно го коментираат овој неконвенционален начин на разубавување.
Хана не била задоволна со бојата на кожата, па се решила за инекции за потемнување
За време на одморот во Турција во 2015 година, Хана заминала на третман за потемнување, а сега се распрашува како да дојде до нова инекција која ќе ѝ ја потемни кожата, во нејзината земја. Таа живее во Белфаст, и навистина се истакнува во својата средина, но тоа не ѝ доволно.
Семејството сосема ја поддржува, а во потрага по нелегалната инекција ѝ помагаат нејзиниот дечко и братот. Иако овој начин на промена на тенот е многу опасен, Хана смета дека тоа е најдобриот начин таа да биде задоволна со себе си.
„Кога бев помлада, се мачкав со креми за самопотемнување и одев во солариум три пати во неделата по 15 минути. Не бев задоволна од кремите, затоа што многу брзо се бришеа. Кожата ми се сушеше и го мразев мирисот на тие креми“, изјавила Хана и рекла дека на сето ова го додава и природното сончање, додека е на одмор.
Денес, по третманите, Хана изгледа вака
Единствено нешто кое ѝ ги донело саканите резултати е инекцијата со мелатонин, која доведува до значително потемнување на кожата. Советот за здравствена заштита на Велика Британија е против овој третман затоа што смета дека инекцијата не е доволно испитана, и оти не се знае какви нус појави може да предизвика.