(ФОТО) Никогаш позгодна: Жизел Бундшен семејно на плажа

Една од најплатените светски манекенки, Жизел Бундшен, ужива во семејниот одмор на Костарика. Една од најангажираните топ-модели која пред само неколку дена го прослави роденденот, покажа дека и на 39 години има одлична фигура.

Бразилката која пред две години беше првата манекенка што без шминка се сликаше за „Вог“, уште еднаш ја покажа својата природна убавина.