(ФОТО) Од македонско ТВ-шоу до ѕвезден статус во Албанија: Туна некогаш и денес
Популарната пејачка Туна Сејдиу по подолга пауза вчера промовираше нова песна, соработка со нашиот хитмејкер Дарко Димитров. Спотот за темата насловена Chonga веќе влезе меѓу десетте најпрегледувани видеа кај нас на „јутјуб“.
Туна се прослави во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.
- Пресудни беа предизвикот и конкуренцијата. Ние останавме само на два фестивала на кои се дава акцент на дебитанти. Косово и Албанија веќе имаат разработено толкава музичка индустрија што моментално има најголем обем на Балканот - објасни пејачката пред неколку години.
Туна
е ќерка на поранешниот олимписки борач Шабан Сејдиу. Во 2010 година се омажи за
Рилинд Река, син на поранешниот македонски амбасадор во ЕУ, Блерим Река. Со
нејзинот сегашен партнер Патрис го има синот Тиан кој во мај наполни една
година.