(ФОТО) Осум месеци паника и солзи: Водителката Нина Сеничар е бремена

Сигурно ја паметите како водителка на „Твоето лице звучи познато“. Имено Нина Сеничар е успешна новосадска девојка која одлично говори италијански и англиски јазик. Тоа е причината и зошто глумела во светски филмови, а и е одличен модел.

Таа е во долга и среќна врска со својот избраник Џеј Елис, со кого го очекуваат првото дете.

Идната мајка одлучи да сподели преубава фотографија од убавите моменти на исчекување во бременоста.

- Осум месеци љубов, нежност, женственост, среќа, паника, страв, солзи, смеа, неизвеснот, возбуда.. Осум месеци со неа- напиша Нина на српски, италијански и англиски јазик.