(Фото) Пипа Мидлтон открива како да се остане фит во бременоста
Откако сестрата на Војвотката Кејт Мидлтон, убавата Пипа Мидлтон ја сподели нејзината бременост со светот, таа реши, исто така, да сподели уште некои детали од својата бременост.
Во новата статија за „Waitrose Weekend“, Мидлтон, раскажува како да се остане фит во текот на бременоста.
„Фан сум на тенисот уште од детството, како играч и како гледач, и сега продолжувам да го практикувам безбедно во текот на бременоста", вели Пипа.
Во рамките на статијата Пипа објасни дека играњето тенис за време на бременоста всушност може да има неколку позитивни влијанија. Таа напиша: „Да се биде со умерен интензитет во спортот, има позитивно влијание и може да доведе до подобрување на растот на плацентата, добро управување со тежината, како и намалување на болки во грбот, зајакнување на срцето и крвните садови, целокупната сила на телото и намалување на ризик од гестациски дијабет."
Повикувајќи се на Серена Вилијамс како пример, Мидлтон објасни дека жените можат безбедно да играат тенис од вториот до осмиот месец во својата бременост.