(ФОТО) Почни да живееш или почни да умираш: Коки на одмор со ќерката
Музичарот Коки Јанков ужива во одморот со својата ќерка Лара. Коки на својот Фејсбук профил објави фотографија како прави скара со ќерката.
„На топло место,без сеќавања. Почни да живееш или почни да умираш“, напиша тој под фотографијата од плажа.
Коки минатата година се разведе од Росана Јанков, портпарол во АМСМ со која беше 10 години во брак. Од пред неколку месеци, тој е во брак со адвокатката Маја.
„ Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме. Таа славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави виолинистот за Женски магазин.