Животна училница // Приказни
(ФОТО) Прекрасен е: Сопругата на Кили со внукот во Еквадор
- 06 Август, 2019
Сопругата на Кирил Поп Христов-Кили, Гордана Деан Поп-Христова објави фотографија со внукот Аниш Круз Родригез Деан, кој се роди на 12 јуни во Еквадор. Аниш Круз е син на ќерката на Гордана и на Кили Јоана и на зетот Родригез Сориа Хосе Луис.
„Прекрасен внук, прекрасен внук“, напиша сопственичката на балетското студио „Ребис“ под фотографијата. Јована се омажи за Родригез во март годинава, а Гордана со емотивен статус на Фејсбук ја соопшти убавата вест.
„Се мажи нашето бебе и ќе има бебе“, рече Поп-Христова тогаш.
„ Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш. Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“, напиша Кили на својот Фејсбук профил по свадбата на ќерката.