(ФОТО) Принцезата Шарлот полни 5: Им носи храна на тие кои им е потребна
Војвотката од Кембриџ ја продолжи традицијата и за роденденот на Шарлот, Кејт Мидлтон сподели неколку фотографии од принцезата.
Објавени се нови фотографии за да се одбележи петтиот роденден на принцезата Шарлот, на кој се гледа како им доставува домашни пакети за нега на оние кои имаат потреба за време на пандемијата на коронавирус.
Таа помогна на семејството при носење храна на стари лица и ранливи категорија на граѓани во Норфолк.
На една од фотографиите, таа тропа на вратата на еден жител стискајќи торба со домашно подготвена тестенина.
Четирите фотографии беа направени во април од нејзината мајка, Војвотката од Кембриџ.
Принцезата им се придружи на нејзините родители, војводата од Кембриџ и војвотката, и браќата принцот Џорџ и принцот Луис да ги достават пакетите, најверојатно, близу до семејниот дом на Анмер Хол, на имотот на кралицата Сандрингам.
Фотографиите на Шарлот се направени минатиот месец од војвотката Кејт на имотот Сандригам, каде војвотката од Кембриџ помогна да се спакуваат и испорачуваат пакетите со храна за изолирани пензионери во локалната област, според објавата на палатата Кенсингтон.
Пред три дена на 29 април војвотката и војводата од Кембриџ, ја прославија и својата 9 годишнина од свадбата, а на 23 април исто така со фотографии мама Кејт го прослави и роденденот на најмалото дете, принцот Луис.
Фото: Инстаграм