(ФОТО) Совршена линија: Кристина Арнаудова во бикини во Италија

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседател на здруженито „Проект среќа“, Кристина Арнаудова во моментов е на семеен одмор во Италија. Кристина на својот Фејсбук профил објваи фотографија во бикини на која изгледа одлично.

Таа е позната како поборник на здравиот начин на исхрана и е една од нашите јавни личности која константно ја одржува добрата форма.

Кристина со сопругот Александар и со синовите Максим и Матео ужива во градчето Галиполи и редовно споделува фотографии од прошетките. Неодамна, таа и здружението „Проект среќа“ реализираа уште еден успешен камп „Шарено лето“ во Маврово, кој е наменет за социјално загрозени деца.