(ФОТО) Сте слушнале за Куфонисија? Откријте го дивиот рај на Грција!

Добивај вести на Viber

Егејот крие многу непознати дестинации за туристите, до кои лесно се стигнува. Вистински медитераски шмек, без многу турканици и гужва. Затоа одлучивме да ви откриеме што крие Куфонисија.

Куфонисија се нарекуваат два острови во малите Киклади (острови во јужниот дел на Егејско Море), многу слабо населени, но исклучително убави. 

Едниот е со површина од 15 квадратни километри и до денес е пуст. Последните жители го напуштиле пред 40 години, поради недостатокот на секаков вид инфраструктура.

Во Куфонисија можат да се видат летни куќи и еден ресторан, како и остатоци од кикладната цивилизација.

Другиот остров, познат како Ано (горно) Куфониси, е најмалиот и најнаселен кикладски остров. Областа му е само 3,5 квадратни километри а жителите - 340. Основна егзистенција на локалното население е туризам и риболов.

Куфонисија има неверојатно убави плажи со тиркизни води. Туристите можат да се почувствуваат како да се на пуст остров.

Пловењето е препорачливо искуство на островите Куфонисија бидејќи овозможува да се разгледа прекрасното крајбрежје и карпести феномени, како „Окото на ѓаволот“.

Дека ова место би требало да стане новото омилено летувалиште на секој од вас, погледнете во продолжение.