(ФОТО) Стефан си нарача братче за Нова година: Новинарката Александра Велинова е бремена
Водителката и презентерка на вести на „ТВ 21“, Александра Велинова е бремена. Вели дека со сопругот Оливер и со синот Стефан со радост го очекуваат новиот член во семејството кој треба да се роди на крајот од годинава.
„ Повторно сме двајца. Се потсетив на тоа прекрасно чувство, релаксирана сум, опуштена и чувствувам неопислива радост. Стефан нарача братче. Тоа беше неговата новогодишна желба“, ни раскажа Александра. Од вчера, по семејниот одмор во Грција, таа повторно им се врати на работните обврски.
Александра со синот Стефан
„Стефан е многу грижлив, му чита на бебето, му пушта музика, му зборува и ме предупредува да не се наведнувам, да не кревам тешко. Многу ме изненадува со реакциите затоа што сепак е дете“, додаде Александра.
Во претходно интервју за Женски магазин, таа рече дека е личност која што им се радува на ситниците во животот.
„Во првата бременост трчав низ аеродроми, Париз го шетавме со сопругот попреку напреку, се возев на атракциите во Дизниленд, се шетав два дена во Версај, е сега сум умна мама која ги слуша советите и препораките на др Адела Стефанија (уште 10 да родам таа ќе ме следи), бидејќи имам целосна доверба. Многу сум им благодарна на колегите од „21 ТВ“ за разбирањето и за поддршката поради отсуствата и состојбата“, вели шарматната водителка.
„Од почеток комуницирам со момче, па ќе видиме“, додава таа за полот на бебето. (М.Џ.)