(ФОТО) Свадба од соништата: Диџеј Тиесто се расплака кога ја здогледа својата 29 години помлада партнерка
Светски познатиот продуцент и диџеј Тиесто и моделот Аника Бекерс се запознаа во ресторантот „Catch“ во Њујорк, во 2015-та година, а сега направија гламурозна свадба во пустината Јута.
Во склоп на своите ангажмани и брз живот, 50-годишниот диџеј и 21-годишната манекенка избегаа и се венчаа во прекрасна атмосфера под отворено небо во ресортот „Аман“.
Поканите за венчавката ги дизајнираше невестата.
Тиесто и Аника на пробната вечера. Аника носи златен фустан на Ралф Лорен.
Бурмите.
Тиесто и неговите пријатели.
Невестата се одлучи за Оскар де ла Рента и Берта невестински фустан, кој изгледаше навистина неверојатно.
Младоженецот изгледаше како Џејмс Бонд во класичен смокинг на Том Форд.
Церемонијата во исто време беше и романтична и интимна и природна.
- Се почувствував толку посебно, ме надвладеаа емоциите, бидејќи толку долго го чекавме овој ден и мислевме на нашето засекогаш, а сега сме тука. Беше поубаво од што можев да замислам. Беше најубавото чувство на светот- раскажа Тиесто за моментот кога заплака од среќа чекајќи ја својата невеста пред олтарот.
Среќната двојка!
Прекрасната атмосфера.
Танцување под отворено небо.
Еден од најспецијалните моменти на веселбата беше кога почна да свири песната која Тиесто ја напиша за Аника, „Million Years“.
Фото: Vogue