Кога ќе се спомене името на младата пејачка Мартија Станојковиќ, веднаш добиваме асоцијација за нешто ново, поинакво, но и помалку лудо. Дали станува збор за промена на бојата на коса или можеби за некој уникатен „аутфит“, на изненадувањата кои таа ни ги приредува им нема крај.
Овој пат тоа го направи со сторињата на „Инстаграм“. На првата фотографија делуваше како да има направено тетоважа...
...но, веќе на следната се гледа дека станува збор за шарање со к'на.
Моментално таа ужива во летото и слободните денови, бидејќи уште малку се наближува почетокот на учебната година. Затоа на Мартија ѝ се дозволени и ваквите авантури.