(ФОТО) Волшебна: Најубавата елка во Европа

Постои добра причина зошто оваа е втора најпосетувана локација во Париз, веднаш по Ајфеловата кула.

Галеријата „Лафајет“ е стоковна куќа која датира од 1889-та година.

Затоа не е изненадувачки што тука постои една од најстарите традиции во градот, а тоа е предпразнична презентација на новогодишната елка, кое има посебна тема секоја година.

Посебно за оваа елка е што виси на куполата на стоковната куќа, предизвикувајќи сензација пред се заради начинот на кој е претставена, а потоа и заради прекрасното украсување.

Куполата на која виси дрвото е заштитен знак на оваа прекрасна стоковна куќа. Оваа стаклена купола е нео-византиски стил и е висока 43 метри.

Покрај невообичаената новогодишна елка на која посетителите се восхитуваат од сите пет ката на популарната стоковна куќа, за време на празничниот период, темата поврзана со елката е придружена со остатокот од украсувањето, а на необичен начин се специјално украсени и прозорците.

Неверојатно убава празнична магија.