(ФОТО) За само 8 дена ослабна 5 килограми: Диетата на Сузана Манчиќ

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Манчиќ изгледа убаво без оглед на нејзината возраст, но сепак, во последните месеци страдаше од вишок килограми.

Имено, бидејќи се здебели неколку килограми за време на епидемијата на коронавирусот и изолацијата, па реши да го промени сето тоа и да ја доведе својата линија до совршенство со помош на диета.

Поранешната лото девојка е на т.н. диета липосукциска диета: јаде само зелен зеленчук и пие суплементи и не смее да вкуси ништо слатко - дури ни овошје.

- Јас секогаш го започнувам утрото со топла лимонада и ќесичка суплементи во кои ги има сите потребни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек. Ако сум гладна, дозволено ми е да јадам само една свежа краставица - откри Сузана за српски „Хит“.

- Тоа е т.н. липосукциска диета, на која сум веќе осум дена. Тежев 80 килограми и мојата цел е да достигнам 70 килогами. Јас сум на вистинскиот пат, сега вагата покажува 75 кг - вели таа.

Целосно ѝ е забрането да консумира шеќер, додека алкохолот е дозволен, но само еднаш неделно.

- Луѓето се изненадени затоа што вечерата за време на оваа диета е најобемниот оброк, но верувајте ми дека е во ред! Шеќер не доаѓа предвид, па дури и овошјето е забрането. Од зеленчук, дозволено е само зелено: брокула, рукола, зелена салата и спанаќ! Јадам и парче риба или црвено месо. Можам да пијам чај и кафе во текот на целиот ден, се разбира без шеќер. И дозволена е една чаша вино, но само еднаш неделно - вели Манчиќ.

Сузана тврди дека не губи сила и не чувствува малаксаност, иако станува збор за строга диета, која баш поради тоа не се препорачува.

- Убаво спијам. Имам енергија цел ден. Не ми е дозволено да тренирам и да трчам, ми се препорачува само лесна прошетка или масажа. Ја забележувам разликата во тежината според гардеробата, која беше тесна за мене до неодамна. Сега можам да носам сè што до пред пет дена го фрлав од гардероберот - рече Сузана.

Со истата диета ослабеа и Колинда Грабар Китаровиќ и Тијана Дапчевиќ.

Фото: ATA Images

*Вака изгледа сестрата на Сузана Манчиќ: Скоро никогаш не ја покажала во јавност

*Сузана Манчиќ тагува: Короната ми одзеде две блиски личности