(ФОТО) ЗА ДЕСЕТ ДЕНА ЌЕ НАПОЛНИ 68 ГОДИНИ: НЕДА УКРАДЕН ГИ ВООДУШЕВИ ФАНОВИТЕ
Неда Украден плени со својата виталност. На 16 август ќе наполни 68 години и одлично се носи со нив. Популарната фолк-пејачка моментално престојува на хрватското приморје каде има настапи, а слободното време го користи за одмор и ужива на плажа.
Украден со коктел во рака ги поздрави фановите на „инстаграм“. Фотографијата ги воодушеви нејзините следачи кои ѝ возвратија со лавина позитивни коментари.
- Работам како пејачка, но и како менаџер, пиар, шофер и стилист. Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму. Тоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена - објасни таа во една прилика.