Познатата водителка Лила Стојановска е една од жените кои докажуваат дека фудбалот не е само за машкиот свет. Имено таа знае што е офсајд, знае кој фудбалер за кого игра, а и сака да ги следи сите натпревари од Светското Првенство во фудбал што моментално се одржува во Русија.
Еден од нејзините фаворити е тимот на Шпанија. Кога станува збор за клупските првенства со години навива за Реал Мадрид, а како што вели, половина од тие играчи играат и во репрезентацијата. Но, со оглед што за неа најдобар играч на светот е Роналдо и за кој се радува што уште на стартот од првенството сруши неколку рекорди, навива и за неговата Португалија.
Нејзин најдобар фудбалер е Биркир Бјарнасон од Исланд, затоа што изгледа како вистински Викинг.